Етикети

INTRAMA е специјализирана за производство на етикети во самолепливи ролки со печат во 8 бои, апликација на фолија со студен печат и директен печат на грбот на фолијата. 

Благодарение на нашето долгогодишно искуство и познавања не само за етикетите, туку и за условите и начинот на етикетирање на различно пакување, на нашите клиенти им нудиме целосни професионални решенија за ефикасен и континуиран процес.

 

Технологија на печат – UV Flexo

 

Во прилог на можностите ни се штанц и перфорација на етикети со правилна и неправилна форма, конфекција на ролки по спецификација, дизајн и предпечатна подготовка.

Во зависност од различните услови на производство, видовите на пакување или уредите за печатење, ние нудиме етикети за термодиректе, термо трансферни или печатење со мастило, за апликации во стандардни или агресивна средина.

Одржуваме постојано на лагер различни варијанти на самолепливи хартии и фолии за етикети, кои се користат во стандардни или агресивни производствени услови - со температури на апликација и складирање на производите меѓу -40оС до + 80оС, при услови на кондензација, влага, присуство на масти или други текстура на површината на лепење.

Располагаме со оддел за предпечатна подготовка која е специјализирана за различни видови етикети. Нашите клиенти можат да се потпрат на помошта на нашите дизајнери за создавање на нова визија или да направат прилагодувања на веќе постојниот дизајн.

 

     Forest INTRAMA       INTRAMA - грижа за природата за подобра иднина