Класа на рециклирање „АА“ 90 - 95%, сертифицирана од "Institute cyclos - HTP"- Германија
Нашата рециклирачка амбалажа за линии за термопакување е резултат на долгогодишното искуство на компанијата во пакување храна. Водени од потребите на нашите клиенти и предизвиците со кои се соочуваат, успеавме да произведеме пакување кое може да се рециклира и овозможува намалување на влијанието врз животната средина, како и беспрекорна заштита на спакуваниот производ.
Рециклирачката амбалажа за линии за термопакување е комбинација од горна, покривна и долна фолија.
Долна рециклирачка фолија за термопакување 
Долната фолија има одлични механички својства. Истата има одлични перформанси на линиите за термопакување кои се произведени од INTRAMA - INTRAMA Accent како и со друга опрема за пакување. Рециклирачката долна фолија подлежи на физичко-механички тестирања во нашата лабораторија, со цел контрола на цврстината и својствата на растегнување. На овој начин обезбедуваме квалитетно пакување со рамномерна распределба на поединечните полимери во неговиот состав при термопакување.
- Производството е во согласност со BRCGS класа „АА“, ISO 9001: 2015, ISO 22000: 2018
- Дизајнирани за пакување со сите видови линии за термопакување
- Транспарентни или бели
- Средна гасна бариера
- Дебелина транспарентни 140 µm; 170 µm
- Дебелина бели 160 µm;
Горна рециклирачка фолија за термопакување
Горната рециклирачка фолија има одлични лепливи својства и формира висококвалитетно пакување кое ги зачувува обликот, бојата и свежината на производот. Тоа му дава многу добар сјај и цврстина на финалното пакување.
- Производството е во согласност со BRCGS класа „АА“, ISO 9001: 2015, ISO 22000: 2018
- Дизајнирани за пакување со сите видови линии за термопакување
- Транспарентни или бели
- Флексо печатење до 8 бои
- Висока гасна бариера
- Дебелина транспарентни 60 µm; 90 µm
- Дебелина бели 90 µm
Рециклирачката амбалажа за термопакување е погодна за пакување на:
- Месни производи
- Риба и морски плодови
- Сирење
- Непрехранбени производи