INTRAMA разви рециклирачка амбалажа

 
INTRAMA има развиено производство на пакување со бариера која може да се рециклира со класа за рециклирање „AA“ 90 - 95%, сертифицирано од Институтот „cyclos - HTP“ - Германија.

 

INTRAMA одговорно и долгорочно истражува и развива нови одржливи пакувања. Нашето долгогодишно искуство и професионализам го вложивме во производството на најсоодветното решение, со што е постигнато намалување на влијанието врз животната средина, флексибилното пакување и бескомпромисна заштита на спакуваниот производ.

 

Зошто да изберете рециклирачка амбалажа за Вашите производи?

 

  • Затоа што вие сте општествено одговорна компанија која се стреми да ја заштити природата и да го спречи нејзиното натамошно загадување.
  • Затоа што ќе изградите еколошки и конкурентно портфолио за производи што ги исполнуваат целите поставени во циркуларната економија и стратегијата за намалување на отпадот на ЕУ.
  • Затоа што ќе ги исполните барањата на малопродажните синџири за употреба на пакување што може да се рециклира.
  • Бидејќи за вас е важно Вашиот бренд и производи да се во согласност и со Вашите корпоративни цели и со растечката тенденција на крајните корисници да избираат еколошки и органски производи. А најсоодветниот начин за претставување на овој вид производ е пакувањето што може да се рециклира.
  • Затоа што сте компанија од акција - секогаш сте први и Ве следат другите во индустријата.

 

Зошто да нарачате рециклирачка амбалажа од INTRAMA?                    

 

  • Совршени бариерни својства
  • Одлично зачувување на вкусот и свежината на спакуваниот производ
  • Максимална заштита во текот на целиот рок на траење на производот
  • Уверение за рециклирање од Институтот cyclos - HTP Германија
  • Производните процеси во INTRAMA се спроведуваат според барањата на BRC Global Standard, ISO 9001, ISO 22 000.

 

Благодарение на нашиот индивидуален пристап и решенија приспособени на спецификите на секој производствен процес, INTRAMA разви вакуумски кеси и амбалажи за рециклирање за линии за термоформирање:

Рециклирачки вакуум кеси

Рециклирачка амбалажа за вакуум линии